Црната точка станува минато - нов натпатник од Хиподром кон Инџиково

Камен темелник за нов натпатник што ќе ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково денеска беше поставен во населеното место Питу Гули. На почнувањето со градежните работи присуствуваа градоначалниците на Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски, советници од општините, како и граѓани од околните места.

- Овој натпатник е од огромно значење за жителите на Инџиково и Хиподром, бидејќи овој дел од патот долги години наназад беше црна точка на автопатот Скопје-Куманово со многу сообраќајки и изгубени животи, истакна Трајановски. 

Овој натпатник, појасни Трајановски е предизборно ветување за граѓаните на населеното место Инџиково, Питу Гули, како и за и другите населени места кои гравитираат во тој дел.

Според градоначалникт на Гази Баба Тони Трајковски со овој натпатник ќе се овозможи полесна комуникација за голем број на граѓани од тој дел на општината. Трајковски информира дека општината треба да ги обезбеди пристапните патеки до натпатникот.

Натпатникот ќе биде долг 63, а широк 5 метри. Конструкцијата ќе биде од челик со два бетонски столба, по еден од двете страни. Преку натпатникот, покрај пешаци и велосипеди, ќе можат да поминуваат и инвалидизирани лица за кои ќе бидат направени посебни рампи.

Изградбата треба да заврши за девет месеци, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“. Вредноста на надпатникот е 38.000.000 денари.

На новинарско прашање зошто е дадена согласност да се премести границата на ГУП-от на сметка на парк-шумата Водно, Трајановски рече новиот ГУП е донесен во 2012 година, 10 години по претходниот и оти постапката била јавна и транспарентна.

- Со оглед на тоа што имаше нова територијална организација требаше да го усогласиме со неа, знаете дека имаше нови општини коишто дојдоа во склоп на Град Скопје, а дел од општините излегоа. Исто така нараснаа потребите во смисла на намените коишто беа ставени во стариот ГУП, веќе тие намени не беа актуелни. Кога го правевме ГУП-от со оглед на тоа што се правеше скоро три години бевме во многу непосредна и постојана комуникација со општините. Би рекол дека таа комуникација беше толку голема како практично заедно да го правевме ГУП-от. Инаку, реализацијата на ГУП-от одеше преку Агенцијата за просторно планирање, таму има стручни луѓе кои со децении наназад работат на оваа проблематика. Значи, пак ќе повторам, овој ГУП е правен во соработка со општините, со стручните служби од општините во соработка со невладини организации, во соработка со стручната и научната јавност на расправите коишто ги имаше по основ на ГУП-от, истакна Трајановски.

Градоначалникот потсети дека биле одржани три работилници во Берово, Велес и Скопје на кои биле сите новинари, а општините ги образложувале нивните забелешки, предлози, сугестии по однос на ГУП. - Значи на еден крајно транспарентен начин во Советот на Градот Скопје, така да нема ништо скриено, нема ништо заткулисно, туку сето тоа беше јавно и транспарентно правено, додаде Трајановски

Прашан за најавеното референдумско изјаснување на граѓаните во општина Центар за  ГТЦ, Трајановски рече  дека тоа е нивно право и може да се изјаснуваат.

На прашањето што ќе се случи доколку граѓаните се изјаснат против менување на изгледот на ГТЦ, градоначалникот на Скопје рече дека во Македонија има законски прописи и се работи согласно на законот. 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега