Поучна приказна - мудрост која ќе ве натера да се замислите

Во една прилика  ангажирав врвен столар да ми помогне во реновирањето ан старата полска куќарка и штотуку му се заврши првиот тежок ден на таа работа. Му пукна гумата па изгуби еден саат работа, електричната пила му откажа, а сега и стариот камион  не сакаше да тргне. Додека го возев  дома, седеше во сериозна тишина...

Кога стигнавме кај неговиот дом ме покани да го запознам неговото семејство. Додека чекоревме кон врата, тој застана за миг застана пред малечко стебло и со двете раце ги допре врвовите на гранките. Пред да се отвори вратата на куќата, тој неверојатно се смени. Неговото лице светеше од насмевка и ги гушна своите три малечки деца  и ја бакна сопругата.  Потоа ме испрати до мојот автомобил. Поминавме покрај стеблото, а јас горев од љубопитност. Го прашав што беше тоа што пред малку го видов.

-Тоа беше моето „стебло на грижи“, ми одговори тој. „Знам дека не е возможно да ги избегнам проблемите на работа, но едно е сигурно, тие проблеми не и припаѓаат ниту на мојата куќа, ниту на мојата сопруга и децата. Затоа секоја вечер ги закачувам на стеблото, пред да влезам дома. Наутро кога ќе тргнам на работа повторно ги земам“. За миг застана. „Но смешно е…низ насмевка ми кажа, „…кога наутро ќе дојдам повторно да ги соберам забележувам дека ги нема ни приближно толку  колку што се сеќавам дека претходната вечер сум ги закачил“.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега