Нов оглас за 1.000 невработени лица

Сите невработени лица и приватните компании од утре можат да се пријавуваат на јавниот повик на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за новата мерка Обука кај познат работодавач. Оваа мерка ќе биде одлична можност за невработените лица за полесно да се вработат, а за компаниите да добијат обучен кадар.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција информираше дека можност за обука кај познат работодавач оваа година ќе имаат 1000 лица, а за реализација на проектот се обезбедени 22.600.000 денари преку ИПА програмата.

-Обуката ќе се реализира во реални работни услови на работните места кај приватните компании кои што ќе аплицираат за искористувањето на оваа мерка при што невработените лица ќе имаат можност за обука на работно место во период од 3 месеци за што ќе добиваат по 6.200 денари месечно заедно со осигурување при повреда при работа, истакна Спасов.

Спасов потенцираше дека и приватните компании ќе добиваат надоместок за реализација на проектот и тоа до 25000 денари.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека оваа мерка досега покажала позитивни резултати и потенцираше дека доколку компаниите вработат лицa кое ја проследиле обуката, а се помлади од 29 години ќе бидат ослободени од плаќње придонеси.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега