Италијанска компанија ќе инвестира во Прилеп - 50 нови вработувања

Италијанска компанија „Buzzi & Buzzi“, која произведува расветни тела ќе инвестира во Прилеп. 

Претставници на компанијата денеска го посетија градот Прилеп и оставарија работна средба со градоначалникот Марјан Ристески. 

На средбата беа разгледани можните локации за инвестирање. Оваа компанија ќе создаде во првата фаза околу 20 до 50 нови професионални работни места.

Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик.

По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија и во градот Прилеп зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање. 

Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима и со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна високоразвиениа технологија за производство на расветни тела.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега