Ќе останете ли утре без електрична енергија?

Корисниците од улиците „Анкарска“ и „Бахар Моис“ во општина Карпош утре од 9 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица „Леринска“, од 9:30 до 14:30 часот корисниците од улицата „Ловќенска“  краци 1, 4, 9, 11 и 14, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов“ и „Стогово“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД. 

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега