„Денови на пролетта – Денови на екологијата“

Градот Скопје денеска ја организира традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, која ќе се одбележи со акција за поставување куќарки за бувови и едукативна работилница.

Куќарките ќе се поставуваат на големата ливада над стадионот на ФК „Металург“, во Паркот на природата „Гази Баба“.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

Како дел од манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, на локација над Природно-математичкиот факултет ќе се организира акција за засадување дрвца.

 Акција за засадување дрвца ќе се организира и на локација на Средно Водно, кај почетната станица на жичницата.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега