Најбројни претпријатијата во трговијата и преработувачката индустрија

Претпријатија во трговијата на мало и големо и во преработувачката индустрија се најбројните правни субјекти во државата. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од анализирани 54.305 деловни субјекти 43,7 отсто се во трговијата на големо и мало и 13,1 отсто во преработувачката индустрија.

Во 2013 година во овие деловни субјекти биле вработени 229.346 лица, остварен е вкупен промет од 972.639 милиони денари и создадена е додадена вредност од 209.070 милиони денари. 

Во секторот трговија се вработени 27 проценти од вкупниот број вработени и реализиран е 44,3 отсто од вкупниот промет. Преработувачкиот сектор вработува 307 отсто од вработените и остварува 23,6 отсто од вкупниот промет. 

Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2013 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот преработувачка индустрија 24,5 отсто и секторот Трговија на големо и на мало 23,7 проценти. 

Во однос на големината, во 2013 преовладувале микро претпријатијата со помалку од 10 вработени  или 90,9 отсто. 

Во нив биле ангажирани 34 од вкупно вработените кои, пак, создале 24 проценти од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија ангажирале 22 од вкупно вработените, притоа остварувајќи 
33,7 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор. 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега