Позната пејачка боледува од тешка болест

Дури и оние кои не ја сакаат музиката на пејачката Џеси Џеј, се согласуваат дека таа е еден од најдобрите вокали на денешницата. За жал, пејачката која го има еден од најмоќните гласови, ќе почне да пее плејбек. 

На британската кантавторка и е дијагностицирана Волф Паркинсон Вајтов синдром, кој предизвикува неправилна и забрзана работа на срцето, прекинато дишење и вртоглавици. Токму поради тоа таа откажа неколку датуми од нејзината австралиска турнеја.

-Многу се борев да дојдам до ова место во кариерата каде што сум сега без пеење на плејбек, но ако работите продолжат да се одвиваат во овој тек, ќе морам да почнам поради своето здравје. Моите песни се многу тешки и тој константен напор кој го вложувам за време на пеењето е погубен за моето срце, вели пејачката.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега