Груевски: 15 милиони евра за субвенции оваа година во Штип и штипско

На 650 земјоделски стопанства од истокот добија владина помош во набавка на трактори и земјоделска механизација, покривајќи 50% од трошоците.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешниот масовен народен собир во Штип.

-Ја реализиравме првата фаза од еден од најголемите проекти во Источна Македонија - хидросистемот Злетовица, со кој трајно се решава проблемот со водоснабдување на повеќе од 100 илјади граѓани. Инвестиција во вредност од 100 милиони евра. Проект со кој во втората фаза е предвидена и изградба на систем за наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште, а во третата фаза и изградба на објекти за производство на електрична енергија. За земјоделците од од овој регион во изминативе 7 години имаме исплатено повеќе од 90 милиони евра за субвенции, од кои 20 милиони евра само за Штип и штипско. Поддршка каква што не паметат  земјоделците од овој регион за кои секогаш сме тука, да разговараме, да решиме некој проблем, но и да помогнеме. Онака  како што излеговме во пресрет на сточарите, одгледувачите на овци од овој регион кои се соочија со сериозни проблеми од болеста син јазик, а за кои дефиниравме мерка за исплата по 4000 денари по грло, која во наредните месеци ќе биде исплатена на секој сточар кој пријави загуба, рече Груевски.

 

Премиерот најави дека и оваа година земјоделците од овој регион ќе добијат нови 15 милиони евра по основ на земјоделски субвенции.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега