Груевски: Да не дозволиме да не закрват, ниту по политички ниту по етнички линии

Некој очигледно не сака Македонија да оди напред и што измислил, да го искористи човекот и луѓето околу тој човек кој многу лесно може да им помогне. Ние нема тоа да го дозволиме, проектите ќе продолжат.

Премиерот Никола Груевски на денешниот насовен собир во Штип ги потсети граѓаните дека не смеат да дозволат да бидат закрвени по ниту една основа.

-Има се поголем број инвеститори кои сакаат да инвестираат, набргу ќе соопштиме уште, тоа значи нови работни места, тоа значи помош за македонската економија, ангажман на домашни компании, директна помош за македонските семејства. Слушам во последно време се почесто се зборува дека откако видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии, апелираше премиерот.

 

Тој додаде дека Македонија го дава својот одговор, овој одговор го слушаат сите, секаде и истакна дека нивна најголема сила е самиот народ и самата Македонија.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега