Пензионери од Штип работеле како криминална банда

СВР Штип поднесе кривична пријава против 73-годишниот М.В. од Штип, претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци и В.М.(68) од Штип, благајник во истото Здружение, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во периодот од 2011 до 2014 година, М.В. му овозможил на В.М. да не ги евидентира книговодствено собраните парични средства од пензионери за снабдување со огревно дрво во износ од 7.715.045 денари и без донесување одлука од извршен одбор незаконски издавал налози за подмирување на обврски кон добавувачи во износ од 951.944 денари. 

Потоа, без да спроведе постапка за јавна набавка М.В. ангажирал повеќе правни и физички лица за набавка и транспорт на огревно дрво исплаќајќи им 15.315.920 денари, доведувајќи ги истите во привилегирана положба. На овој начин, пријавените му нанеле штета на Здружението во вкупен износ од 8.666.989 денари.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега