Близнаци го убиле другарот од детството - полицијата не знае кој го извршил убиството

Близнаците Дејан и Воин Станковиќ (67) од Србија, одреден им е притвор од 30 дена поради сомневање дека на 2. март мината година во Крушевац го убиле стоматологот Милутин Рокича. Сите детали укажуваат дека смртоносниот куршум го испукал Дејан.

- ДНК на браќата е пронајден на местото на убиството, но бидејќи се работи за еднојајчени близнаци не може да се прецизира кој од нив двајца го има извршено убиството. Обвинителството раполага со други докази. Двајцата на првото сослушување го негирале злосториството и тврделе дека тогаш не биле во Крушевац, изјавил јавниот обвинител на Србија, додавајќи дека е исклучена можноста дека Рокич е убиен по грешка бидејќи ссо браќата Станковиќ се познавал уште од детството.

Безбедносните камери го снимиле Дејан Станковиќ ден пред убиството облечен во јакна со флороцентни ленти  како излага од зградата. Вечерта кога се случило убиството снимена е личност со качкет на главата во црна јакна со качулка и со амблем на ракавот.

Двете јакни се се пронајдени кај Дејан Станковиќ. 

Dejan Ždrokinac

Ова е Дејан 

Vojin Ždrokinac

Ова Воин

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега