Иванов: Нема аболиција за Заев (ВИДЕО)

Прашан за можноста да биде аболициран лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со цел да има политичка разрешница на кризата, претседателот Иванов со став: „Кога беше аболициран првиот пат беше сосема поинаков законот и беше поинаква улогата на претседателот“.

- Сега има промена на Законот и постапка, според која, треба прво Министерството за правда да го расчисти целиот случај, па да предложи. Веројатно околностите се изменети и секој ќе сноси одговорност за сето она што го придонел за оваа актуелна ситуација. Така што, рано е да се кажува. Тоа останува во доменот на политичките лидери кои, како што кажав, со помош на Европската комисија ќе мора на некој начин да се соочат со сета оваа состојба и секој да си ги презема одговорностите за ова што не снаоѓа, рече Иванов.Видеото со интевјуто со претседателот Иванов може да го погледнете тука

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега