Артман: Трибуналот е виновен за циркусот околу Шешељ

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман изјави дека Србија треба да го повика судот во Хаг што побрзо да донесе пресуда за Воислав Шешељ, истакнувајќи дека Трибуналот е виновен за циркусот околу случајот, пренесе МИА.

- Логично беше да ја променат одлуката, но требаше да мислат за тоа порано, со оглед на тоа како Шешељ се однесува, како и на фактот дека во Србија е вратен безусловно. Сега тоа е жалосно, изјави синоќа Артман за ТВ Б92. 

Според Артман Хашкиот трибунал најверојатно ќе инсистира на повторно предавање на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, додавајќи дека постои мала веројатност да му се суди во отсуство.

- Не верувам дека ќе му биде дозволена специјална форма на судење, оцени Артман, додавајќи дека за оваа постапка очекува расправии. 

Артман нагласи дека Србија треба да го повика Трибуналот што побрзо да донесе одлука за Шешељ и дека е жално што Хашкиот трибунал се однесува на ваков начин, односно дека нема објаснување зошто не е донесена пресуда. 

- Трибуналот, исто така, не ги почитува жртвите и е одговорен за овој циркус. Ова е незгодна ситуација за Србија, бидејќи Шешељ е невин се додека не се докаже дека е виновен. Клучно прашање за кризата е да се објави неговата пресуда, истакна Армтан.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега