Слушнав крикови, но не моежев да се помрднам - шокантна исповед на сопругата на починатиот Дејан

Д.Д (55) од Бела Паланка, почина вчера во болница од повредите кои му ги нанеле четворицата маскирани напаѓачи.Нишката  полиција ги приведе сите осомничени лица. 

Од полицијата велат дека сопругата на убиениот кажала дека четворица напаѓачи со фантомка на глава во ниваната куќа упаднале на полноќ.

Мажот и жената  ги врзале и ги одвеле во другата соба, а Д.Д го тепале  па тој од здобиените повреди починал во болницата во Бела Паланка. 
Разбојниците побегнале, но со брзата акција на полицијата се уапсени.

Разбојниците сопругата на Дејан  ја врзале за креветот

- Дејан седеше со пријателот скоро до полноќ. Јас се повлеков во собата да спијам. Слушанв кога гостинот си замина, а непомина многу време некој ја отвори вратата. Тројца маскирани упаснаа во мојата соба, Ме бутнаа на креветот и ми ставија некоја маска на лицето, валјда да ме опијат. Потоа ми ставија трака преку уста и ми ги врзаа рацете и нозете. Почнав да молам за помош, а еден од нив почна да ме удира со шипка, рекла сопругата на Дејан која и понатаму е во шок. 

 

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега