Познат идентитетот на загинатиот и повредените во сообраќајката пред Олимписки

Идентификуван е пешакот кој почина на лице место откако во него вечерва удри мотоцикл на кој се возеле две лица, јави Курир.

Според информациите до кои дошол порталот, починатото лице е 79 годишниот Бошко С., кој на лице место им подлегнал на повредите.

Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се полесно повредени.

Со мотоциклот управувал 18 годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница. 

Фотографии од сообраќајката можете да погледнете тука

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега