Мотоциклот леташе во воздух - очевидци раскажуваат за сообраќајката пред Олимписки

Страшна слика пред Олимписки пренесуваат очевидци кои вечерва се нашле на местото на сообраќајката каде што загина 79 годишен маж.

Неколку очевидци за „Република“ раскажуваат дека се се случило во неколку секунди. Мотоциклот неколкупати се обидел да ги премине возилата, а кога конечно успеал се удрил во дедото, кој во моментот ја преминувал улицата на место каде што нема зебра.

 

Мотоциклот се виванал во воздух, едниот од патниците веднаш паднал, а другиот заедно со возилото паднал неколку метри понатаму.

Брзата помош веднаш интервенирала, но за Бошко било предоцна.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото и причините и деталите за несреќата ќе бидат сооптшени утре.

Идентификуван е пешакот кој почина на лице место откако во него вечерва удри мотоцикл на кој се возеле две лица

Станува збор за 79 годишниот Бошко С., кој на лице место им подлегнал на повредите.

Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се полесно повредени.

Со мотоциклот управувал 18 годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница. 

Фотографии од сообраќајката можете да погледнете тука

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега