Поскапеа цигарите во Србија

Од денеска цигарите во Србија се поскапи за 10 динари по кутија.

Ова важи само за производите на ЈТ и увозните на Империјал, како и производите на „Филип Морис“.

Од друга страна производите на фабриката во Врање останауваат по стара цена.

Како што е предвидено со законот, државата во наредните години се повеќе ќе профитира од продажбата на цигарите.

Така секоја година расте тн. минимална акциза. Иако тутунската индустрија секаде во регионот имаше слични проблеми, сепак само во Србија се одлучија за зголемување на цената на цигарите бидејќи српскиот пазар е најголем во регионот.

Во Црна Гора од денеска поскапуваат сите цигари во просек п 10 центи по кутија. Таму поскапувањето е последица на зголемените акцизи за тутун.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега