Кои скопски населби ќе останат без струја?

Корисниците од улиците „Стојна Стефкова“, „Панче Неделковски“ и „Коста Абрашевиќ“ во општина Чаир утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 56, 58, 60, 126, 128 и 130, од улиците „Хрсто Смирненски“ број 46, 38, 55, 53, 64 и 132, „9 Мај“ број 44, 17 и 21 и „Рузвелтова“ број 5, 7 и 9, како и дел од фабриката Треска, во општина Центар.

Во периодот од 10:30 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе се и дел од корисниците од улицата „Лесновска“ во близина на бројот 16, а од 12 до 15 часот и корисниците од улицата „Леринска“ од број 29 до број 35, во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД. 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега