Деветмина повредени на скопските улици - што се случувало?

На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои пет со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда. Со повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.

Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи коишто поминале на црвено светло, седум возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на возењето, девет возачи кои возеле со измината сообраќајна дозвола и седум лица кои возеле без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега