Нови детали за крвавиот инцидент кај Клиничкиот Центар

Маж кој работи во ЈП Паркинзи бил нападнат со нож пред Клиничкиот Центар денеска во Скопје, дозна Курир. 

Според најновите податоци до кои дојде Пресс24, крвавиот инцидент кај Клиничкиот Центар во Скопје настанал поради тоа што двајца насилници со својот автомобил сакале да излезат од паркингот кај Клиниките без да платат. Вработениот во ЈП "Паркинзи" културно ги замолил да платат за услугата, но тие одбиле да го послушаат, по што настанала караница и еден од насилниците извадил нож и го прободел вработениот чиј идентитет засега е непознат. За среќа, во близина на местото на настанот се наоѓале полициски службеници кои веднаш ги привеле двајцата напаѓачи, кои се обиделе да избегаат од местото на крвавиот настан.

Инаку, инцидентот се случи пред околу еден час. Скопјанецот бил веднаш пренесен во Ургентниот Центар каде му била укажана лекарска помош.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега