ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно одработува против интересот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и СДСМ да направи удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

 

Посебно сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многу пати до сега и помагале на Република Македонија.

Зоран Заев според информациите објавени од медиумите, издаде државна тајна за набавка на опрема и оружје за специјалните единици на Република Македонија и за комуникација помеѓу безбедносни системи на две држави.

Во овие два месеци се изнаслушавме еден куп на лаги, манипулации, конструкции и лажни контексти врз база на нелегални, креирани и монтирани разговори, но ова што Заев го говореше во текот на вчерашниот ден е надвор од разумот. Овој човек очигледно не бира средства да ја оствари својата цел преку дестабилизација и нарушување на угледот на државата да се прибере до власт по секоја цена и без поддршка од граѓаните.

Зоран Заев свесно сака да го наруши безбедносниот капацитет на државата и да предизвика сериозна дестабилизација. Впрочем целата јавност и досега ги виде сите сценарија, разговори, пораки и намери и на Заев и на целата негова група на соработници.

Обидот за компромитацијата која Зоран Заев ја направи спрема претставници на безбедносни системи на други пријателски држави јасно говори дека неговата намера и да и наштети на Република Македонија, нејзиниот углед и соработката со пријателски сулужби.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека во конкретниот предмет станува збор за донација за набавка на сериозен капацитет на оружје и опрема за потребите на специјалните единици на министерството. Дополнително, беше соопштено дека за целиот случај постојат документи кој ја потврдуваат законитоста на донацијата.

Зоран Заев свесно одработува против интересот на Република Македонија, тоа граѓаните го гледаат и ќе го казнат.

Зоран Заев вчера докажа дека целта на ова сценарио му е напад врз институциите со цел ослабување и дестабилизација на државата.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега