Кичевско: Цела ноќ силувал малолетничка

Кривична пријава е поднесена против 41-годишниот И.М. од селото Пласница поради силување.

-Пријавениот на 31.03.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка  во Пласница и во периодот од 23 часот на 31-ви до утринските часови следниот ден, со употреба на сила и закана, без согласност на оштетената извршил полов напад и физичко насилство врз истата. Откако го извршил делото, најверојатно свесен за тоа што го направил, со возило ја вратил малолетничката до Македонски Брод и ја оставил на патот, информираат од полицијата.

Силувачот бил веднаш приведен и со него е извршен разговор.  Од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во времетраење од 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега