Сопругата на екс-министерот за одбрана побегна од лудница

Жената на поранешниот министер за одбрана на Грција, Вики Стамати побегнала од затворската психијатриска болница.

Таа била во затворската психијатриска болница бидејќи е осудена на 12 години затвор поради перење на пари заедно со својот маж Акис Цохацопунос.

Полицијата спроведува истрага за да се утврди како Стамати побегнала од својата ќелија.

Еден од нејзините адвокати изјави дека Стамати побегнала ден откако нејзината жалба за ослободување била одбиена.

Како главна причина за нејзината жалба ја навела здравствената состојба и неопходноста да биде покрај своето мало дете кое во моментов го одгледува нејзината мајка.

Стамати уапсена е во 2012. година а во 2013. е осудена поради учество во корупциска афера заедно со својот маж и уште десетина лица задолжени за воените набавки.

Непосредно после судењето, направила двојна мастектомија поради лошата здравствена состојба. После нервниот слом и обидот за самоубиство префрлена е во психијатриската болница поради тешка депресија. 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега