Почина првиот почесен доктор на ЕСРА

Во Порто, Португалија, вчера, на 106 годишна возраст, почина доајенот на европската и светската кинематографија Маноел Де Оливеира. Неговиот прв игран филм се појави во 1931 година, по што до денес Оливеира оствари импресивен опус од 58 играни и голем број документарни филмови. Добитник е на најголеми признанија од областа на филмот, Златен лав за животно дело на Фестивалот во Венеција, како и награда за животно дело на Канскиот фестивал.

Де Оливеира беше прогласен за прв почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во јануари 2008 година, а ја доби и престижната Светска награда за хуманизам која ги продолжува традициите на Св. Климент Охридски, како основач на Првата школа на хуманизмот во Европа.
 
Во неговата пристапна беседа на ЕСРА и беседата во Охрид во Куќата на Уранија, на духовен план ги поврза Македонија и Португалија, цитирајќи го класичниот поет на Луис Де Камоеш, кој во своето познато дело „Луисијади" од 16 век, го напиша бесмртниот стих „Реката Вардар и Македонија се извор на европската меморија".
 
Ректорот Јордан Плевнеш во име на Наставно-научниот совет на ЕСРА испрати сочувство до семејството на Маноел Де Оливеира.
 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега