ВИДЕО: Трогателно – свадба која ќе ве растажи и разнежни

Марио и Илејн цели шест години биле принудени да ја одложуваат посакуваната свадба, бидејќи им се случила ужасна работа.

]Илејн боледува од рак, па целата своја заштеда која ја планирале за свадбата ја потрошиле за нејзино лекување.

-Не знаете колку боли да ја гледате својата сакана како поминува низ ова, а вие не можете да направите апсолутно ништо. Не се чувствувам како маж, бидејќи немам можност да и го дадам она што го сака и што и е потребно за да биде подобро, вели Марио.

Екипата на Prank it FWD одлучиле да им помогнат да ја доживеат својата свадба од соништата.

Свадбената церемонијата се одржала во кино сала, заради тоа што тие се запознале додека гледале филм.

Целата свадба била изненадување за Илејн, која не ни претпоставувала што ќе се случи.

Погледнете го емотивното видео, кое со сигурност ќе ве растажи и истовремено ќе ве разнежни.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега