Го усмртил девојчето со Хондата и се обидел да избега?

Страотна сообраќајна несреќа во која пешак го загуби животот, се случи вечерва на Булеварот Партизански одреди во Скопје. Несреќата се случила околу 20 часот и 45 минути на Булеварот Партизански одреди кога возило марка Хонда со скопски регистарски таблици удрило во женско лице пешак, чиј идентитет и возраст не се соопштуваат додека не заврши увидот на полицијата. 

Пешакот починал на лице место, а возачот на хондата неофицијално се опддалечил од местото на несреќата, но полицијата го фатила пишува Алфа. Булеварот Партизански одреди е блокиран, увидот е во тек. Детали за несреќата ќе има по завршување на увидот.
 
 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 22:15

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега