Познат идентитетот на загинатата девојка кај Универзална

Дваесет годишната Фросина Ц. од Крива Паланка, која најверојатно во Скопје престојувала како студентка, е девојката која што вчера почина во сообраќајна несреќа кај Универзачната сала откако беше удрена од автомобил „Хонда“ со скопски регистарски таблички, јавува Телеграф.

Според податоците на полицијата, несреќата се случила во 20.50часот. Возачот на „Хондата“ Љ.Б. (26) најверојатно со голема брзина, според очевидци од 160 на час, удрил во Фросина која починала на местото на несреќата.

Возачот меѓутоа првично побегнал од местото на несреќата, но по дваесетина минути, односно во 21.10 часот, сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се слуило.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега