„Цветна патека на мирот“ за празникот Цветници

По повод празникот „Цветници“, во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска ќе бидат засадени 61 бели рози.

Розите се донација од Лајонс клубот „Вардар“, а ќе ги засадат членовите на клубот.

Со оваа активност, Лајонс Клуб „Вардар“ дава придонес кон разубавување на околината, под мотото „бели рози за чист воздух“.

Веднаш по садење на розите, членовите на Лајонс „Вардар“ ќе дадат поддршка на својот член, уметникот Живко Поповски – Цветин кој ќе го почне проектот „Цветна патека на мирот“.

- Ова уметничко дело ќе биде насликано на 1.000 метри континуирана хартија (со акрилик техника) и ќе биде пријавено за Гинисов рекорд. Уметничкото дело ќе биде мобилна работилница на уметникот и ќе се работи во текот на целата година на различни локации во Република Македонија.

Со оваа активност, Цветин ќе одбележи 30 години од мисијата „Цвеќе на мирот“, почната на 10.10.1985 година во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, со пораката „Цвеќето во човекот не го сака ветерот на војната, јас не измислувам нови цветови, туку ги пресликувам цветовите во луѓето што ги сакаат слободата и мирот“.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега