Женска трка во Скопје

Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, денеска ќе се одржи третата женска трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015, а чија цел е превенцијата од заболувањата кај жените преку активно вежбање.

- Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука, велат организаторите.

Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигање на свеста на жените дека не е доцна да почнат со активност.

Трката е на 1.000 метри и има ревијален карактер.

Пред трката ќе се одржат аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти.

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката. 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега