„Мајка ми ме тераше да спијам со мажи за да си ги отплати долговите“

Кога Киа имала 12 години нејзината мајка веќе и пронашла „работа“. Ова девојче од Камбоџа поминала низ пекол, а сето тоа и го приредила нејзината мајка поради пари.

Киа прво ја прегледал доктор, откако и издале потврда дека е невина, нејзината мајка веднаш ја однела во еден хотел каде е силувана два дена. 

- Не сум занела дали таа работа е добра за мене. Немав поима што мечека, но сега ми е јасно и знам дека таа работа не е добра за мене, изјавила Киа.

Откако ја изгубила невиноста со првиот човек со кој имала однос срцето и се скршило, нејзината мајка ја испратила во бордел за да заработи пари за да ги подмири долговите. Таму била како во затвор и три дена ја силувале три до шест мажи. 

Кога се вратила дома, мајка и сакла да ја испрати во уште два бордела, тогаш сфатила дека ќе биде продадена и дека нема да има крај, па побегнала.  

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега