Вучиќ: Србија и Хрватска да се свртат кон иднината

Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека за најновите тензии меѓу Белград и Загреб ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ веднаш по велигденските празници.

На денешната прес-конференција тој потенцираше дека и покрај тоа што Србија и Хрватска различно го доживуваат минатото, треба да градат најдобро можни односи во иднината, објави Фена.

Вучиќ истакна дека телефонски ќе разговара со хрватскиот колега за инцидентот на хашкиот обвинет Воислав Шешељ кој го запали хрватското знаме, за изјавите на министрите од двете влади кои придонесоа за ново заострување на меѓусебните односи, како и за одлуката на Хрватска да го повлече на консултации својот амбасадор од Белград.

- И покрај различните погледи на минатото, Србија и Хрватска треба да се свртат кон иднината. Треба да гледаме позитивно. Јас ќе дадам се од себе за Србија и Хрватска да изградат најдобри можни односи. Тоа што имаме различни погледи на минатото, не значи дека не можеме да имаме заеднички погледи на иднината, истакна Вучиќ.

За случајот Шешељ, српскиот премиер укажа на одговорноста на Хашкиот суд, пренесува Хина.

- Владата на Србија не е ДХЛ, па со Хашкиот трибунал да си разменува пакети, истакна тој, алудирајќи на одлуката на Трибуналот да го пушти Шешељ на привремена слобода во ноември минатата година, па потоа сега да ја отповика таа одлука и да го повика Шешељ да се врати во притвор.

Вучиќ ги осуди постапките на Шешељ, но укажа и на одговорноста на Хашкиот суд.

- Не донеле пресуда 11,5 години и кој е виновен за тоа - Шешељ или Владата? Не би рекол дека е некој од нас, рече Вучиќ и додаде дека Белград од Хаг очекува образложение на одлуката.

- Ќе одлучиме кога ќе добиеме некои документи, каде мора да ми напишат кога Шешељ оздраве и со кои методи, бидејќи не информираа дека е нејболниот пациент на планетава и го вратија назад, а сега немам докази дека Шешељ оздравел, рече Вучиќ како одговор на прашањето дали ќе го врати Шешељ во Хаг

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега