Проверете кои населби утре ќе останат без струја

Корисниците од село Морани и викенд населбата Морани, како и објектот на Зимес и сепарација Имери утре од 8:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот, без струја ќе се и корисниците од улиците „Стојна Стефкова“, „Коста Абрашевиќ“ и „Панче Неделковски“ во општина Чаир, од 9 до 11 часот дел од корисниците од Визбегово, а од 9 до 13 часот и дел од корисниците од улица „Црвена Армија“ во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 14 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од Кочкова Населба, село Градманци, Месна Река, гасовод Градманци и Космофон Катланово, од 9:30 до 15 часот дел од викендиците во село Кучково, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од село Радуша.

Во периодот од 10:30 до 15 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Демир Трајко“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД. 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега