Од учество во реално шоу директно во црна хроника! - кој е следниот?

Учесниците во популарните реални шоуа како да ги следи некое проклетство. Црната статистика вели дека речиси да нема реално шоу по чие завршување на некој од учесниците на му се случила некаква страшна трагедија, сообраќајна несреќа, убиство, насилна смрт…!

Откако Србија ја шокираше С.К. (29) од Јагодина, кој на смрт ѕверски ја претепа својата сопруга Ж.К. (26), со која претходно се појавија во ТВ емисијата ДНК, повторно станува актуелна приказната за учесниците во реалните шоуа кои трагино загинаа. 

Втората сезона на „Големиот брат“ во 2007 година на пример, беше прекината откако во сообраќајна несреќа кај Обреновац загинаа тројца учесници во шоуто: Зорица Лазиќ, Стеван Зечевиќ и Елмир Кудузовиќ, додека во 2010 манекенот Филип Каписода се појави во ВИП изданието на „Големиот брат“, неколку месеци подоцна ја уби својата девојка, познатата поп пејачка Ксенија Пајчин, а веднаш потоа се самоуби. Учесникот на првата пилот емисија на „Големиот брат“ во 2006 година, Анатал Скенџиќ со нож до смрт ја избоде својата мајка Розалија, по што е осуден на 10 години затвор. 

Српската јавност исто така неодамна ја потресе и веста дека српската манекенка Мирјана Пухар, која учествувала во релното шоу „Нов американски топ модел“, е убиена во САД.

ИЗВОР: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа