Прегазен уште еден пешак во Скопје - починал на Ургентен

Две жртви и 25 повредени лица е билансот од 26-те сообраќајни несреќи што се случиле во петокот, саботата и неделата. 

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 40 минути на улицата „Бутелска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „шкода фаворит“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на возраст од околу 75 години, граѓанин на Скопје.

За жал, како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило е пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега