Метеоролозите ги носат најдобрите вести за Велигден

Иако од денешен аспект, тоа изгледа малку чудно, сепак, метеоролозите за престојните велигденски празници најавуваат сончево и топло време. Иако за празници се спојуваат 4 неработни денови, сепак, доколку се решите да останете во Скопје, ќе имате можност да уживате во прошетките. Метеоролозите најавуваат температури околу 16 степени и многу сонце.

Скопје

Доколку се решите викендот да го поминете во нашиот туристички центар Охрид, нема да згрешите од аспект на временските прилики.
За велигденските празници метеоролозите најавуваат сончево време во Охрид и температури околу 15 степени.

Охрид

Доколку сакате вистински пролетни температури, за вас, овој викенд најдоброто место ќе биде Дојран. Таму, метеоролозите најавуваат многу сонце и температури над 20 степени

Дојран

Доколку се решите да заминете на планина, тогаш ви го препорачуваме Маврово. Се разбира, ќе ви биде потребна топла гардероба, но нема да ви недостига сонцето. Температури околу 11 степени и многу сонце се најавуваат за велигденските празници.

Маврово

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега