Повторно поплави: Неколу куќи под вода во битолско

KИЧЕВО 
        - Во регионот на ПОЗС Кичево на 05.04.2015г. , до раните утрински часови на 06.04.2015 г. наврнати се 20см. снег во градот и околу 40 см. снег на повисоките места. Од тежината на снегот оштетени се некои електрични водови и некои делови се без струја. 
        - Нема добиени информации за поголемо нарушување на нормалниот живот. 
        - Сите патишта се проодни, а забрана за движење на тешки товарни возила има на превоите Стража и Пресека. 

ТЕТОВО 
        - Сите патишта се проодни, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец за Попова Шапка 

БИТОЛА 
        - Во Битолскиот регион, наврнати се 28л/м2. 
        - Нивото на Црна Река е на ниво 3,36м и повторно е излеана на местата на пробините насипи во општините Могила  (кај селата Новоселани, Вашерејци и Лознани) и Новаци. 
       - Поради преполните канали и високите подземни води, поплавени се неколку куќи во село Кравари. во Општина Битола 
        
КОЧАНИ 
        - Водостојот на реките е на високо ниво и на  неколку места по течението на р.Брегалница има поплавено земјоделски површини. 
        - Браната Калиманци е на прелив, со околу 8м3. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега