Средба Попоски-Рејндерс: Соработката одлична - опозицијата да се врати во Парламентот

Билатерланата соработка помеѓу Македонија и Белгија бележи позитивен развој во сите области.

Ова беше заклучено на денешната средба помеѓу заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Посетата на министерот Рејндерс е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план.

-Билатералната соработка помеѓу двете земји бележи позитивен развој. Без разлика дали се однесува во делот на соработката во културата, одбраната, економијата. Во делот на економијата ја имаме речиси дуплирано размената со Белгија. Белгија денеска е 11-ти најголем трговски партнер на Република Македонија, истакна министерот Попоски.

На средбата било разговарано и за повеќе регионални и европски теми. Оваа година Македонија претседава со Централно европската иницијатива а со тоа се зголемува акцентот врз интересот во однос на методите за посилна регионална соработка.

-Во центарот на дискусиите сепак беше евроатланската интеграција . Белгија е една од оние земји членки  кои посакуваат да видат позитивен развој на и реално приближување на Македонија во европското семејство, подвлече Попоски и додаде дека најголем проблем претставуваат слабостите во политичкиот дијалог кои не се одразуваат позитивно на имиџот на земјата и ја отежнуваат работата на оние кои сакаат да и помогнат на Македонија.

Од голема помош, смета Попоски е доколку се испрати една силна порака дека НАТО и ЕУ ќе изнајдат начин да го направат покредибилен фактот дека Македонија треба да припаѓа во организациите во догледано време, со оглед на тоа што повеќе препораки од ЕК не се почитувани , покрај тоа што во делот на НАТО интеграциите Македонија е блокирана подолг временски период .

-За Македонија нема друга алтернатива освен интеграцијата во НАТО и во ЕУ, но тоа е пат со две насоки. Од една страна ние треба да го зголемиме кредибилитетот на сето она што е значајно особено во делот на институционалното функционирање и политичката култура. Но од друга страна и Европа мора да се потруди да воведе некаква кредибилниот и некаква принципиелност во процесот на интегрирање, додаде тој.

Министерот Рејндерс ги поздрави извонредните билатерални односи кои постојат помеѓу Македонија и Белгија. Тој подвлече дека ќе ја посети компанијата Ван Хол која е Белгиска инвестиција и која постојано вработува нови лица.

-Драго ми што слушам дека министерот Попоски прави многу напори во однос на подобрување на регионалната соработка. Навистина е многу важно да се присуствува на сите средби на кои се разговара на регионални теми. Сакам да ја истакнам расположливоста на Советот на Европа, затоа што Белгија актуелно претседава со комитетот на министри и ние сме расположливи да им помогнеме на Македонија, подвлече Рејндерс.

За Белгија пораката е јасна, подвлече Рејндерс, очекуваме да забележите напредок, патот треба да го поминеме заедно. За да се постигне тоа треба да се продолжи политичкиот дијалог и опозицијата да се врати во Парламентот.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега