Професорка се степа во училиште: „Албанко, признај дека продаваш органи“

Незапаметен инцидент се случил во кралевската Медицинска школа. Професорката по физичко воспитување Марија Бантулиќ (57) физички ја нападнала помладата колешка Драгана Костадиновиќ (34), професорка по веронаука, и ѝ нанела полесни телесни повреди. Инцидентот се случил меѓу двете смени пред очите на учениците кои ги повела Костадиновиќ на час по веронаука во црквата „Свети Сава“

-  Не знам зошто ме нападна колешката, нема причина. Викаше: „Албанко, признај дека продаваш органи јас ќе ти ја симнам маската кога никој друг не сака“, а потоа почна да ме удира со тупаници. Па тоа, здрава и нормална личност не може да го направи. Да не беа присебните ученици кои набрзо притрчаа. кој знае како ќе завршеше – раскажала во шок Костадиновиќ, пренесува Вечерње новости

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега