За 3 години модернизирани 90 километри патишта во тетовско- инвестирани 11 милиони евра

Во делот на патната инфраструктура во тетовскиот регион изминативе 3 години беше извршена изградба, реконструкција и модернизација на над 90 километри локални и регионални патишта. За тоа, Владата инвестираше повеќе од 11 милиони евра.

-Само во Тетово, изминатава година беа инвестирани 4,5 милиони евра за реконструкција и модернизација на 30 километри локални и регионални патишта, истакна премиерот Никола Груевски на народниот собир кој во саботата се одржа во Тетово и од таму најави дека во периодот што следи, ќе продолжат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура во Полог.

Во идниот период во тетовско ќе се инвестираат повеќе од 2 милиони евра за реконструкција и надградба на 20 километри пат, меѓу кои и надградбата на коловозот Тетово- Попова Шапка, која ќе започне во мај или јуни.

Ќе се рехабилитира и регионалниот пат Тетово- Брвеница- Чегране- Гостивар во должина од 16,5 километри и инвестиција од 2 милиони евра која ќе започне летово.

-Во април-мај ќе ја започнеме и втората фаза од рехабилитацијата на патна делница Тетово-Пирок-Гостивар во должина од 10 километри. Се работи и реализација на инвестиции од 1 милион евра за реконструкција на 2 пата и автопатска клучка во Брвеница, потенцираше Груевски во саботата од Тетово.

Започнати се и тендерските процедури за реконструкција на три пата во гостиварско и санација на мостот на магистралниот Гостивар- Стража, инвестиција во висина од 1,5 милион евра.

-Откако ги завршивме градежните работи во висина од 3 милиони евра на делниците Гарски мост- Бошков Мост и Маврово- Дебар, летово започнуваме и со реконструкција на регионалниот пат Ново Село- Маврово- Жировница- Дебар во должина од 20 километри во вредност од 8 милиони евра. Реконструкцијата ќе заврши за една година, додаде претседателот на македонската Влада.

Ова се само дел се проектите кои се од значење за сите жители од тетовскиот регион.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега