Успешно реализирана „Промотивната тура Охрид 2015“

Во рамките на активностите предвидени со годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во соработка со туристичко-угостителските субјекти, деновиве успешно беше реализирана „Промотивната тура Охрид 2015“. На промотивната туристичка тура, што се одржа од 2 до 5 април, учествуваа претставници од туроператори, туристички агенции, медиуми и туристички списанија од Турција, Србија, Израел, Русија, Бугарија, Словенија, Украина, Унгарија и Австрија.

остите имаа можност да се уверат во убаните на Охрид преку обиколка на стариот дел на градот, културно историските споменици и обележја, природните убавини и промоција на алтернативните форми на туризам со што гостите имаа можност и за фото- сафари тура. Беа посетени повеќе хотели во охридскиот регион, каде што гостите се запознаваа со сместувачките капацитети, а воедно како резултат на промотивната тура веќе беа склучени и неколку договори за закуп на хотелските капацитети, информираат од општината.

Се очекува учесниците од промотивната тура по престојот во Охрид преку медиумите и списанијата да објават репортажи со што на нивните гледачи и читатели ќе им ги презентираат убавините на Охрид и поширокиот регион, како и целокупниот туристички потенцијал и понуда на градот.  

Наскоро во две најгледани сателитски турски телевизии ATV и A haber ќе бидат емитувани специјални емисии, а репортажи ќе се објават и во десетте електронски и печатени списанија од нивната медиа групација, како и во  GLOBER - JETLIFE eдно од најпознатите печатени списанија, кое се дистрибуира во авио компанијата Atlas Global.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 16:05
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега