Најбогатиот Кинез на средба со Груевски, заинтересиран за условите за инвестирање

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со сопственикот на Пацифик Констракшн Груп,  Јан Жи, кој важи за еден од најбогатите бизнисмени од НР Кина.

Јан Жи ја предводи најголемата кинеска компанија од градежниот сектор Пацифик Констракшн Груп која според Форбс спаѓа во 500-те најголеми глобални компании во светот, односно 166 место на оваа листа со  годишен приход од 60 милијарди долари.

За време на средбата, Јан Жи се интересираше за условите за инвестирање и поволностите кои се нудат од страна на македонската Влада, особено во областа на градежништвото и инфраструктурните проекти.

За време на средбата, премиерот Груевски го информираше за напредокот во градење на успешна бизнис клима, како и поволностите кои им стојат на располагање на приватните интеститори.

Премиерот Груевски истакна дека Македонија е земја која нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, квалитетна и компетитивна работна сила, спроведува низа реформи и создава добра бизнис клима.

Премиерот Груевски истакна дека државата инвестира во отворени слободни економски зони каде што секој инвеститор во првите 10 години е ослободен од плаќање на данок на добивка и персонален данок, а направен е значителен напредок и во областа на Централниот регистар и намалување на процедурите преку  спроведување на проектот Регулаторна гилотина со кој беа поедноставени или скратени илјадници процедури, а исто така со цел надминување на хендикепот на мал пазар државата склучи договори за слободна трговија со сите земји од Европа, и сега кога компаниите доаѓаат да произведуваат, може да произведуваат и извезуваат за 660 милионски пазар.

Сопственикот на Пацифик Констракшн Груп Јан Жи позитивно ги оцени напорите на Владата за привлекување на инвестиции кои се значаен сегмент во развојот на економијата и трговската размена, при што посочи дека Република Македонија има постигнато значителен напредок. Тој изрази оптимизам  за продолжување на комуникацијата со македонската Влада  за разгледување на можностите засоработката во повеќе проекти и сфери.

За потсетување, најбогатиот бизнисмен во Кина веќе ја најави својата посета на Македонија во едно од најугледните светски списанија.

-Наскоро ќе одам во источна Европа-Македонија, Албанија и Грција. Сакам да инвестирам во инфраструктурата и имам намера да купам градежни фирми, рече неодамна тој за Financial time.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега