Снегот доаѓа во Скопје: Метеоролозите најавуваат враќање на зимата

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во западните делови на планините над илјада метри надморска височина ќе има натамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови, а повремено засилен ветер ќе дува и во Пелагонија.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 0 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи, претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 3 степени. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега