Министерот Попоски на средба со Коѕиас

На маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа во Будимпешта, денеска ќе биде одржана средба на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕиас и Никола Попоски, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Коѕиас во Будимпешта ќе има одвоени средби и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и со министерот за европски прашања на Турција Волкан Бозкир.

Шефот на македонската дипломатија Попоски минатиот месец се сретна со неговиот грчки колега, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, во Рига.

Македонското Министерство за надворешни работи за средбата во Рига соопшти дека со Коѕиас биле разменети првични оценки за билатералните односи и ефектите од блокадите во интеграцијата на Република Македонија.

- Политиката на изговори, уцени и држење во заложништво не ги одразува вредностите зад кои стои Европа, констатираше МНР Попоски во Рига минатиот месец. 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа