Пандов: Целта на соросоидната платеничка структура е да ја урниса Македонија и да го врати сценариото од 2001

Република Македонија е нападната од домашни предавници и шпиуни во соработка со странска служба, а со огромна поддршка од соросовите платеници и медиуми.

Ова на вчерашната трибина на ГДОМ во општина Гази Баба го нагласи аналитичарот Александар Пандов, кој потенцираше дека соросовите платениците се најголемото зло кое што и се случува на Македонија.

- Тие луѓе се платени да ја делат Македонија, да не закрват, да внесат страв меѓу нашето население, на секој начин да ја осрамотат и во самата држава и надвор од нејзините граници. А предводник сега на сета оваа работа е лицето Зоран Заев, а тој е предводник не затоа што е многу умен, многу вешт или многу добар политичар, тој е избран затоа што човекот нема кичма, затоа што човекот едноставно не си ја сака државата и сега е искористен како марионета да исполнува туѓи странски сценарија, рече Пандов.

Тој додаде дека Заев и негоавта партија се луѓето што не го почитуваат претседателот како институција, го игнорираат парламентот на државата ја напаѓаат Владата, судскиот систем и на сите начини се обидуваат да ги урнат институциите.

- Мене од оние луѓе кои се собираат пред Македонската радио телевизија два лика ми паѓаат во очи Синолчка Трпкова и Перо Арсовски и тие постојано повтпруваат една иста работа, се собираат пред МРТВ затоа што таа била кофинансирана од буџетот на РМ. Па јас го поставувам прашањето од кого оние двајца како актери земаат плата , земаат од буџетот на РМ, еве мене можеби не ми се допаѓаат тие двајца како актери, но тоа не ми дава за право јас со мои истомисленици да отидеме пред Факултетот за дрмаски уметности и да протестираме, секој ден, посочи Пандов.

Тој додаде дека тие како граѓанско движење за одбрана на Македонија нема да дозволат да ја спуштат Република Македонија на тоа ниво, и нема да им дозволиме главната поента на соросоидната платеничка структура да ја исполнат и да ја урнисат Република Македонија и да го вратат сценариото од 2001 година.

-Тоа јас, а верувам дека и сите вие нема да го дозволите и најостро ќе се спротивставите. Во име на ГДОМ поради одавање на државна тајна поднесовме иницијатива за покренување на одговорност пореди велепредавство кое што го има направно Зоран Заев, порача Пандов од трибината во Гази Баба, повикувајќи ги сите граѓани да се потпишаат на иницијативата.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега