Време: Попријатни температури и дожд

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и посвежо од вчера за 4 до 5 степени. Локално ќе има појава на краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер особено во источните делови. 

Температурата ќе се движи од 26 до 35 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 33 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.