Вредни награди за наjубаво декорираното јајце во Веро Центар

Веро центар по повод Велигденските празници ќе понуди содржини и активности со кои ќе ги забавува и развеселува потрошувачите и ќе придонесе за уште по празнична и повесела атмосфера за сите.

Ги охрабруваме сите потрошувачи да ја покажат својата креативност и да го донесат најубавото декорирано јајце во Веро центар. Донесете го вашето уникатно јајце и поставете го на полицата наменета за изложување на велигденските јајца во Веро Центар од 6 април до 14 април. Изборот на најубаво велигденско јајце ќе биде објавено на официјалната Facebook страна на Веро центар. 

 Изборот на најубаво велигденско јајце ќе биде објавено на официјалната Facebook страна на Веро центар. Првите три највелигденски јајца со најмногу лајкови ќе добијат вредни награди:

- Фотографијата со најмногу лајкови ќе биде добитник на патување за двајца на Халкидики     

- Втората фотографија  со најмногу лајкови ќе добие ВЕРО ваучер во вредност од 3000 ден.

- Третата фотографија со најмногу лајкови ќе добие ВЕРО ваучер во вредност  од 2000 ден.

Тимот од Веро центар за сите потрошувачи ќе понуди супер велигденска забавна програма за најмладите и супер пазарна понуда за сите потрошувачи.

-Се трудиме секогаш да бидеме ваш прв избор со најдобри услови за пазарење, во опкружување на услужливи и мотивирани вработени и со понуда на нашите полици која ќе го подобри квалитетот на животот на секој наш посетител. Од срце во го честитаме празникот Велигден и ви посакуваме здравје, благосостојба и долговечност вам и вашите најмили – изјави генералниот директор на Веро, г. Костас Теодосијадис

Победникот ќе биде објавен на 15 Април во 12 часот на Facebook страната на Веро центар

Дојдете да се забавуваме по повод велигденските празници во Веро центар во петок 10.04  и сабота 11.04 со почеток од 11 часот.

ВЕРО – СУПЕР ЗА ВЕЛИГДЕН

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа