Дождот направи проблеми - реката Треска почна да се излева

Реката Треска почна да се излева на подрачјето на Македонски Брод, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

На подрачјето на Македонски Брод (општините Македонски Брод и Пласница) на реката Треска се појавуваат почетни излевања на водите на одредени пониски места покрај речното корито, а со понатамошно покачување на водостојот на водата се зголемуваат и опасностите од поплавување на земјоделски површини и друг имот и објекти, наведуваат од ДЗС.

Поради појавата на одрон над тунелот кај Битола, со земја е затрупан регионалниот пат Прилеп - Охрид и патниот правец е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат низ центарот на Битола.

Се уште има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец за Попова Шапка. 

Во погодените подрачја, Дирекцијата преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на теренот и во случај на потреба и барање на локалната самоуправа е подготвена со своите вработени и мобилизирање на единици за брз одговор и ангажирање на потребна механизација да излезе на терен и помогне во справувањето со временските непогоди.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега