Интензивни врнежи од снег низ Македонија вечерва - неколку патни правци затворени

Поради врнежи од снег од 20:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврови Анови - Дебар и обратно, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Поради врнежи од снег, од 20:35 часот, на планинскиот премин Стража воведена е забрана за тешки товарни возила.

Се уште во прекин поради поголем одрон е и патниот правец Скопје - Велес во близина на мостот кај манастирот Св. Јован Ветерски

Почна да се санира свлечиштето на патот кон Пробиштип, кај селото Неокази. Техничкиот директор на ЈП Македонија пат, Кире Коцев, вели дека од утринава екипите почнале да го сечат асфалтот во должина од 50 метри, со цел да се направи дренажа и да не пропаѓа патот.

Тој смета дека во наредните три дена овој пат ќе биде затворен за сообраќај, а жителите на Пробиштип и на останатите градови ќе го користат патот кој минува низ селото Ратавица.

И во Штип на неколку локации се појавија свлечишта, информира портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов. Свлечишта се појавија во неколку населби, меѓу кои во Ново Село, улицата „Цветан Димов“. Најризично е кај стадионот во населбата Суитлак, каде што свлечиштето е во непосредна близина на патот и стадионот.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа