ФОТО: Домаќинки, на овие велигденски јајца ќе ви завидуваат сите пријателки!

Велики четврток е денот кога се вапцаат велигденски јајца. Ние ви нудиме неколку идеи за вашите јајца да бидат уникатни.

Се што треба да направите е откако ќе се оладат јајцата кои претходно убаво сте ги свариле, во тава постелете хартија за печење и на неа сипете акрилна боја од тубите. Ставете едно јајце во тавата и тркалајте го додека да се обои секаде подеднакво. Повторете ја постапката за останатите јајца. Потоа оставете да се исушат јајцата и ќе добиете супер резултат.

 

За овие јајца наберете неколку цвеќиња од вашата градина или купете неколку од цвеќарница и цветовите ставете ги на една половина од лист хартија и преклопете ги со другата половина. Така припремени, цветовите ставете ги помеѓу страниците на некоја подебела книга  и оставете ги убаво да се исушат и испеглаат, па со лепило залепете ги на јајцата и ќе добиете фантастичен природен дизајн на вашите велигденски јајца.

ИЗВОР: КАФЕПАУЗА

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 11:09
Фото: 
кафепауза

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега